зборови, не значат

Posted on октомври 14, 2008 
Filed under литература

многу зборови не значат ништо за мене,
не би рекол повеќето,
ги барав овие, напишани на фискална сметка,
не знам што глупост ќе било тоа,
сите пристигнуваат, сите пристигнуваат,
кој сЕ?!, мота клопчиња од хартија на која се појавуваат наштампани бројки што означуваат некоја сума,
пишувам за фискалната сега, ама тоа не се зборовите кои
имаат значање нула, повторно ќе впишам, да, тоа значи за мене!,
може и напишаното ќе си го оствари своето,
можеби оваа реченица требаше да изгледа сосема покриво, не да биде права линија за читање, но, требаше да биде:
можеби и идејата ќе излезе преку напишаното,
многу зборови се делови на затворена соба,
не значат ништо, тие,
никој не ги слуша,
дали беше доволно,
сеуште не знам..

од Хула
Хопа до твојата неколку-метарска одделеченос до работ на заградениот простор клацкалки:
клац,
клац!

многу зборови ништо

коментари



No Responses to “зборови, не значат”

  1.  ЛУДА ГЛАВА on јули 30th, 2010 11:24

    ај лајк ит ;)

    а колку данок ти пресметале на фискалната? а има македонски производи? :) :) :) :)

  2.  istoчna on јули 30th, 2010 11:24

    …значат…
    дури и оне што се молчат.
    зборовите…

  3.  Martina... on јули 30th, 2010 11:24

    некои пак сосема обични значат толку многу…
    за мене …или за некој друг…
    малку зборови – сенешто…
    незнам…ме замисли …јас си ги сакам зборовите ама во игри …што нешто кажуваат…ко овие фискалните погоре…искуцани во ролна…или онака …без сметка …и после значи секоја игра за некого нешто…само за тебе она што е…
    да поздравам Хопа :-) … за сонцето во денов … :-)

  4.  ХулаХопа on јули 30th, 2010 11:24

    застанав на ноѕе, секако дека не гледам, тоа е само темното на неа, очите без наклон кон мене, изѕемнати во димот кој доаѓа од некаде, една врвца се измолкнува и ми ја превзема контролата, прогледав! каде има дожд?

Напишете коментар

You must be logged in to post a comment.